речник контакт

Украдена оградата од споменикот на 53-цата стрелани

Од овој споменик сега не остана ништо, откако претходно беше искршен, како овие луѓе и да не постоеле и некој да сака да ја збрише историјата, велат нивните блиски

Петар Печков

 Украдена е металната  ограда на 53-цата стрелани велешани, од гробиштата кои се наоѓаат на периферијата од црквата Св. Спас. Нивните наследници, роднини и блиски не можат да прецизираат кога  тоа се случило, но можат да потврдат дека е после верскиот празник Дуовден. Тогаш последен пат некои од нив биле на споменикот, за деновиве да бидат сведоци на нова грда слика на вечното почивалиште на овие лица.

Како да нема крај изживувањето врз овие наши татковци, родители, блиски, како во животот така и по смртта. Откако пред три години некој го искрши споменикот а не се најде кој, сега е исечена оградата. Може јасно да се види дека тоа е сторено со намера и дека вешто и стручно е исечена. Не го прифаќам одговорот дека тука се краде, оти на сите споменици околу нас, металната ограда е нечепната, за разлика од оваа. Така од овој споменик  сега не остана ништо, како овие луѓе и да не постоеле и некој да сака да ја збрише историјата. Очигледно дека некому му пречат  – вели  Борис Поп Ѓорчев кој побара од полицијата да ги најде сторителите. 

Тој е син на  д-р  Богдан Поп Ѓорчев кој  е стрелан од ОЗНА  заедно со уште 52-ца велешани ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти јануари 1945-татга година , заради сомнение дека соработувале со бугарскиот окупатор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »