речник контакт

Украдени 30-тина метри жичена ограда па домашни животни шетаат по гробиштата кај Св. Спас

Ова била трета кражба на оградата за неколку дена. Граѓаните кои имаат таму гробни места, барат зголемување на безбедноста оти не се чувствуаат сигурни

Петар Печков

Кражбата на жичената ограда, околу гробиштата на црквата Св. Спас стана секојдневие, реагираат од ЈКП Дервен. Тие денес информираа дека деновиве била извршена нова кражба, по што  домашните животни, можат непречено да влегуваат во просторот на гробиштата.


„На ден 10-ти април, трет пат по ред беше извршена кражба на оградата околу гробиштата кај црквата Св. Спас. Овој пат украдени се околу 30 метри жичана ограда, како и урбана опрема. Вработените од ЈКП Дервен во рамки на своите надлежности веднаш го пријавиле случајот во полиција. Сторителите се познати па очекуваме да бидат преземени соодветни мерки од страна на полицијата, за да се спречи во иднина ваквиот вандализам“ - велат од ЈКП Дервен.

Дополнуваат дека  секој обид да се оградат гробиштата од страна на ЈКП Дервен и да се спречи влегување на домашни животни и улични кучиња и мачки, би бил залуден.

Велешани кои имаат гробни места на оваа црква се револтирани од тоа што таму се случува и бараат полицијата да преземе мерки заради безбедноста на граѓаните.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »