речник контакт

Украдени 500 садници овошки

Штотуки засадените садници бадеми во атарот на селото Бистрица, Богомила преку викендот непознати сторители и ги откорнале и однеле.

Петар Печков

 Петстотини дрвца, садници биле откорнати и украдени од земјиштето на Борче Николовски од велешкото село Теово при што му била направена штета од неколку илјади евра. На големо изненадување на Николовски кога завчера отишол да го види имотот и како напредуваат садниците, во близина на селото Бистрица, констатирал дека му го нема половина од насадот.

Изнајмив  државно земјоделско земјиште за да работам овоштарство. На 5 хектари земја засадив бадеми, кои во овој дел се идеални за одгледување. Овошките ги купив од Институтот за овоштарство, сите беа со сертификат, но што фајде кога 500 садници се украдени – вели Николовски. Разочаран е бидејќи освен што му е нанесена материјална штета, за да ги купи садниците земал кредит а сега останал и без дрвја.

Смета дека оваа кражба е извршена со цел садниците, бидејќи се квалитетни, потоа да се препродадат во друг дел на Македонија. Случајот го пријавил во СВР Велес од каде велат работат на откривање на сторителот на делото. Ова не е прв случај во велешко да се крадат земјоделски култури.

Пред две години на имот од еден велешанец беа украдени 10 илјади перуники,  со цвет и корен, кои потоа биле продадени во откупниот центар на  Алкалоид. Сопственикот претрпел штета од две илјади евра а двајцата малолетници кои го сториле делото, го продале  цвеќето за 500 евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »