речник контакт

Украдени лап топите од училиштето во Богомила

Основното училиште од Богомила остана без подарените лап-топи

Петар Печков

 Крадци  во саботата наутро ги украле лап-топите во ОУ Петар Поп Арсов во Богомила, информираа од велешката полиција.  Засега непознат крадец или повеќе од  нив, влегле ноќта преку отворениот прозорец и од специјалниот орман каде се чувале лап-топите, подарок од Министерството за образование, тие ги украле. При тоа однеле осум наменети за работа на наставниот кадар и 23 наменети за обука на учениците. Велешката полиција трага по сторителите на ова дело. Неодамна во Велес пак во два наврати за еден месец беше ограбен салонот на ,,Кинг софт комјутери,, при што беа однесени 13 лап-топи а од салонот на ,,Техно-  маркет,, пет лап-топи и повеќе техничка опрема, видео камери и дигитални апарати.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »