речник контакт

Украдени на работно место платежни картички од вработени во здравство

Крадците трошеле пари од картичките во продавници

Петар Печков

Две лица им украле на две вработени во здравствени установи, платежни картички и со нив извршиле плаќање во продавници.  Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 10.01.2026 во 14:15 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.А.(36 год) и Ѓ.Д.(40 год), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека од просторијата која ја користат вработени во здравствена установа во Велес, одзеле паричници во кои имало пари, платежни картички и лични документи, сопственост на 53-годишната С.Д.Н. и 34-годишната П.Т., двете од Велес, со платежни картички се обиделе да извадат парични средства од банкомати, а Д.А. во продажно место извршил неколку трансакции“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственичките. Д.А. и Ѓ.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото интернет

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »