речник контакт

Украдени новозасадени садници дрвја спроти Бирото

Искрешни се cадници во Младински парк а редовна појава е крадењето на цветниот насад од јавните површини

Петар Печков

Украдени се новонасадени садници на ул. Димитар Влахов, спроти Бирото за вработување, на  косината на приодот кон автобуска станица. На овој простор неодамна започна  де се уредува нова зелена површина.

„И покрај напорите на ЈКП „Дервен" да се разубави градот со обновување на урбаната опрема, цветните жардињери и дрвјата на јавните зелени површини, за жал, несовесни граѓани ги уништуваат поставените клупи, летниковци и корпите за отпадоци, а свежо засадените цвеќиња и дрвја ги снемува преку ноќ. Ова е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот на јавните зелени површини и градските паркови веќе станува редовна пракса, како и крадењето на новонасадените дрвца и цвеќе“ – велат од ЈКП Дервен.  

Деновиве е регистрирано дека се  искршени садници во Младинскиот парк. За жал редовна појава е крадење и на засадениот цветен насад.

„Факт е дека материјалите со кои ЈКП „Дервен" и Општина Велес располагаат не се бесконечни, и службите не се во можност до недоглед да ги пополнуваат со цвеќе местата од каде тоа редовно се краде и да го обновуваат секојдневно сето тоа што некој го уништил, па доколку сакаме да живееме во убаво уреден град мора да покажеме поголемо внимание кон зеленилото и урбаната опрема и да ги чуваме наместо да ги уништуваме“ – додаваат од ЈКП Дервен.

Апелираат  до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за зеленилото и урбаната опрема, со што ќе допринесат градот во кој живееме да биде поубав и поцветен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »