речник контакт

Украдени тркачките мотори на Ванов

Двата тркачки мотора кавасаки и сузуки се украдени од дома

Петар Печков

Во саботата во утринските часови велешанецот Сашко Ванов остана без неговите два тркачки мотори. Тие му се украдени од непознати сторители околу 3 часот наутро. Кражбата  се случила од просториите на Мото клоубот Велес, кои се во приземјето од неговата семејна куќа, на улица 8-ми Септември, спроти Стар моcт.  

Кражбата не ја забележал ниту железничарот од куќарката каде се регулира безбедносната рампа,  кој ноќта дежурал. Иако  улицата е фрекфентна никој не ги видел крадците. Тие потоа  избегале со кацигите на глава па не биле и препознаени.  Од страна на полициска патрола  неколку минути подоцна, во рутинска контрола биле сопрени на штипско џаде, но мотористите избегале. Ванов се сомнева дека станува збор за организирана група, која сака да ги препродаде моторите, марка  сузуки ПМЗ 250 и Кавасаки КХ 125, вредни околу 6 илјади евра. 

Бидејќи моторите се уникатни не можат да се препродадат во земјава. Затоа се сомневам дека ќе завршат во Косово или Србија.   Групата била организирана и со цел да се украдат моторите. Оти во нив имаше два литири гориво, а со тоа не можеа далеку да  стигнат.  Видени се на наплатна рампа Отовица, што ќе рече дека заминале во правец кон Скопје. Така оваа натпреварувачка сезона за мене заврши пред време - вели Ванов.

Двата мотори не се употребливи за градско возење оти се прилагодени за оф роуд патеки, така што Ванов се сомнева дека ќе бидат видени по градските улици. Пред неколку години на друг велешки моторист му беше украден натпревувачки мотор, кој подоцна беше пронајден и вратен на сопственикот од Србија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »