речник контакт

Украински анимиран и американски хорор, премиери оваа седмица во 3Д киноверзум (видео)

И натаму се прикажува филмот Барби кој заработи милијарда долари по светските кина, како и Опенхајмер -творецот на атомската бомба, но и блокбастерот „Мег 2 чудото од длабочините“

Петар Печков

Две премиери и три филма од врвот на светската гледаност, неделава пред публиката во 3Д киноверзум Велес.

Хоророт „Од темнината“  како премиера, ќе се прикажува четврток, недела и среда. Излечена зависничка од дрога, очајна за разрешување на мистеријата околу исчезнувањето на нејзиниот син, добива бизарна понуда да ја дознае вистината, ако плати застрашувачка цена. Колку длабоко може да оди за да добие шанса?

Мавка е украински компјутерски анимиран фантастичен комедија- драма филм на англиски јазик од 2023 година. Музиката ги обедини нивните срца, но должноста повикува и изборот мора да се направи. Може ли Мавка да ја заштити својата шума и да го следи нејзиното срце? Ќе се прикажува четврток и недела во попладневниот термин.

И натаму на репертоарот е филмскиот хит „Барби“ пој по еден месец прикажување собра милијарда долари по светските кина.  Играниот филм за куклата и нејзиниот партнер Кен, секој ден од петок до среда во попладневниот термин.

Приказната  „Опенхајмер“, за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба, исто така голем летен хит по светските кина  ќе може да се погледне сабота  и вторник во вечерниот термин.

Џејсон Стејтам и неговиот тим се враќаат во истражувањето на Маријанската бразда, каде се соочуваат со нови застрашувачки чудовишта. Големиот блокбастер пред велешани во 3Д киноверзум петок и понеделник.  Огромните ајкули се предизвик кој треба да се совладаат. Многу адреналин во вториот филм од оваа успешна  постава од 2018-та.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »