речник контакт

Улица Св.Кирил и Методиј, изгради па поправи

Поправена улциата Св. Кирил и Методиј, откако жителите од овој дел на градот реагирале за неквалитетна изведба на патот

Петар Печков

Неколку месеци по поплочувањето на улицата Св.Кирил и Методиј, од истоименото училиште па до црквата Св.Пантелејмон, истата попушти. Плочите се разнишаа, се поместија и улицата стана небезбедна за сообраќај.

На ваквата состојба укажуваа жителжите кои се во близина на улицата, но и велешките таксисти. По нивните реакции кои стигнаа и до надлежнтеи од локалната власт, се преземаа мерки за санација на воочените грешки.

 Изминатата седмица се изврши преуредување на плочите за да се поправи состојбата на улицата. Каква е  новата состојба ќе се види наскоро, откако поправениот дел ќе се извози  и ќе се покаже дали е во ред или ќе треба нова реконструкција.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »