речник контакт

Улицата Крсте Мисирков, поправена недоправена

Жителите се жалат на квалитетот на сработеното. Надлежните велат до водоводната мрежа е проблемот

Петар Печков

Реконструирана во текот на летото, апо некој месец дел од улицата Крсте Мисирков е повторно неквалитетен, лош за користење. Ова е поплаките ан жителите од улицата, од нејзините почетни броеви. Тие реагираат што останаа дупките и нерамнините, иако  се работеше на нејзино асфалтирање.

Пред година и повеќе, кога се заврши реконструкција на подалечниот дел до улицата, повисоките броеви се најави дека веднаш ќе се продолжи и со условно нашиот дел. Тоа беше лани летото а по села година се извршија градежните работи. Но спротивно на најавите, не се асфалтираше, туку на неколку места се покрија дупките. Ама и тоа не беше квалитетно, оти и сега да мине возач со автомобил  како да вози по макадам, калдрма. дупките останаа. Улицата не е квалитетно санирана, како што се најавуваше и очекувавме - велат дел од станарите.

 Мајките пак кој ја користат  за возење на колички за бебиња, се жалат дека воопшто не е употреблива, бидејќи бебињата можат само да се вознемират од возењето кое е како по лош макадам.

Од локалната власт потврдуваат дека не се постапило како што било планирано, но за ова имаат оправдување.

На ова улица се појави проблем со водоводната инсталација. Кога службите на ЈКП Дервен ќе дадат зелено светло, дозвола, без да има промена на цевките, улицата ќе биде комплетно асфалтирана - изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »