речник контакт

Улицата се поплочи ама атмосферската вода се слева во зградите

Еден проблем се реши, а се појавија два нови

Петар Печков

 Пристапната улица Оливер Китановски, која  е влез за жителите  од Благој Ѓорев, кај Дизни  еден месец е поплочена и уредена. Станарите од трите згради по повеќе годишна борба повеќе нема да газат кал за да излезат од дома или да се вратат во становите. Локалната власт го уреди просторот  илјада метри квадратни за што се потроши еден милион денари. Изведувач беше Урбан  инвест  од Кавадарци.  Така станарите од овие три згради го решија проблемот со пристапот , но се отворија други два.

Кога се гради, како да не се размислува за други придружни работи. Гаражите, иако се времени објекти сепак таму се чуваат автомобили. Со изградбата на улицата тие се отсечени од неа. Се направи такво превид, што не можам да верувам за една сериозна институција. Иако пред нивните очи заборавиле да направат пристап  – велат сопствениците на триесетината објекти, гаражи каде ги чуваат автомобилите.

Така тие сега мака мачат додека се приклучат на улицата.  Се појави и друг проблем. Веднаш откако  таа се поплочи со бехатон плочки, паднаа првите дождови и тоа поројни. Станарите од улицата Оливер Китановски се жалат дека водата  се влевала во нивните подруми и ги поткопувала темелите. Не се задоволни и од изграденото решение за прифаќање на атмосферска вода, оти  истото не можело да ја прибира целата количина. Од локалната власт велат дека овие два  подоцна појавени пропусти ќе ги отстранат.

Ќе направиме пристап од гаражите  до улицата, и ќе ја собереме атмосферската вода која се слева по улицата откако таа се поплочи. Ќе треба само да  започнат пролетните градежни активности – најавија до Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »