речник контакт

Улиците каде се реконструираше водоводната мрежа неасфалтирани и во лоша состојба

Жителите го чекаат најавеното асфалтирање, кое ни по една година не се случи

Петар Печков

Жителите на улица Андон Шурков реагираат дека и по една година, откако се изврши промена на старата салонитна водоводна мрежа, не е извршено асфалтирање на истата. Тоа   беше најавено  при почетокот на градежните работи, во декември 2019-та лично од тогашниот министер за транспорт Горан Сугаревски. Освен оваа улица се работеше и на улиците 8-ми март, Даме Груев, Богдан Каракостев.

„Се покри само еден дел, таму каде се копаше, остатокот од улицата, по широчина е ужас, дупка до дупка, нема приод до нашите домови. А ветија дека ќе ја асфалтираат, но ништо од ветувањето и по толку време“ - велат жителите од улица Андон Шурков.

Објаснување за ваквата состојба даде градоначалникот Аце Коцевски, кој заедно со тогашниот министер Сугаревски, беше во обиколка на улицата кога започна градежните работи.

„Според тендерската документација, тоа што изведувачот  го ископал, тоа треба да го врати во првобитна состојба. Ако каналот за промена на водоводната мрежа бил во широчина од еден метар, тој еден метар треба да се покрие, не цела улица. Ако улицата е во лошо состојба, како што беше Богдан Каракостев, тогаш ние- како локална власт  го работиме остатокот од улицата, финансиерот во случајот Министерството за транспорт и врски е должен само неговиот дел. Затоа и ќе ја реасфалтираме улицата 8-ми март, оти имаше бројни реакции од тамошните жители - кажа градоначалникот Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »