речник контакт

Уметничка герила акција, што се уметниците уловија во реката Вардар (фото)

Делата од „Како Вардар ќе потечам и ѓубре ќе довлечам“ беа поставени во Младинскиот парк

Петар Печков

Уметничка герила акција, беше изведена вчера во Велес, за да се подигне свеста на велешани за сметот кој се фрла во реката Вардар.   Таа беше  именувана  „Како Вардар ќе потечам и ѓубре ќе довлечам“.

Во Младинскиот парк беа изложени предмети, кои според авторите биле уловени од реката со јадица. Велешани и минувачите можеа да видат пластично шише, гума од автомобил, олук, цевка – Ф100, цевка за водовод, чизми, фрижидер, пластична мрежа, црево, тврда пластика, чорапи, кои биле  фрлени во реката Вардар.

Уметничка герила акција е дело на уметникот  и скулптор Андреј Миневски заедно со клубот за младински активизам при Младинскиот образовен форум (МОФ).

„За да ги уловиме ‘пронајдоците’ не ни беше потребно воопшто време“, велат активистите, кои посветиле цел ден за „рибарење“ на отпадот.

Уметничката герила акција е со цел  да ја зголеми свеста на луѓето и да ги алармира институциите за загадувањето на животната средина, конкретно  коритото на Вардар. Заедно со уловените предмети  претставено  и времето потребно за разградување на пронајдениот отпад и како тој влијае врз животната средина.

За да се разложи еден фрижидер потребни се 500 и повеќе  години, за да се разложи тврдата пластика како водоводна цевка потребни се 450 години,пластичната  мрежа од три до шест месеци.

Според Државниот завод за статистика, во Македонија во 2021 година се собрани 632.087, а создадени 896.066 тони комунален отпад. Или  скоро четвртина од отпадот, 265 илјади тони, не е собран, не е познато каде  завршува.

 фото РАДИО МОФ

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »