речник контакт

Унгарецот кој учествувал во сурова ликвидација во Нови Сад, ослободен

Пресудата и аплаузот во салата, ја разгневија светската јавност

Петар Печков

 Унгарецот Шандор Кепиро доби ослободителна пресуда  по обвинението за воени злосторства,  дека наредил убиство на  36 лица главно Срби и Евреи и Роми. Тој се товареше дека од 21-ви до 23-ти јануари 1942 година  учествувал  како капетан на унгарската  окупациска жандармерија во т.н. Новосадска рација.

Тогаш биле убиени 1246 жители на овој град меѓу нив и 168 деца, застрелани а потоа фрлени  под мраз  на закованиот Дунав. 97-годишниот унгарец Кепиро кој до неодамна беше најбараниот осомничен за нацистички воени злосторства од Втората Светска војна излезе слободен од судот. 

Тричлениот судски Совет во Будимпешта ослободителната пресуда ја образложи оти најмалку два од клучните докази се неприфатливи а пресудата за истото дело од 1948-ма година со кој тој добил  14 години затвор е поништена. Оваа одлука предизвика аплаузи од поддржувачите на Кепиро во салата на Судот и жестоки реакции на центарот Симон Визентал, кој ја нарече скандалозна.

Пресуда им се смее во лице на барем 1.246 жртви на рацијата од Нови Сад - рече директорот на центарот Ефреим Зуроф, кој пет години откако го откри Кепиро  во Будимпешта, се обидуваше да го донесе пред Судот. Тој најави дека правната битка не е завршена, бидејќи унгарското обвинителство поднело жалба. Случајот обвинителот го базираше на стари сведочења и пресуди од претходните судења во 40-тите години на минатиот век, бидејќи сведоци  живи нема.

Има случаи каде нема директен пристап кон директни докази, бидејќи нема веќе живи, директни сведоци.  Обврзани сме да го базираме нашиот случај на пишани потврдени документи, иако се ова стари сведочења -  призна обвинителот Золт Фалваи. За време на судењето неколку експерти се посомневале во автентичноста на  понудените документи од кои дел беа некомплетни или имаа грешки во преводот. Ова е причината зошто судијата Бела Варга по донесената пресуда ги отпиша судските документи од 1944 како „апсурдни и нелогични“, бидејќи Кепиро во нив бил суден според колективни обвиненија.Тој тврдеше дека е невин.

Никогаш никого не сум убил, никогаш не сум украл. Невин сум – изјави кратко , поточно прочита од ливче во завршниот збор Шандор Кепиро. Некогашниот унгарски жандармериски капетан се соочуваше со доживотна казна за негово учество во рацијата на унгарската полиција, која соработуваше со германските нацисти  во рација во Нови Сад, од 21 до 23 јануари 1942 година, при што повеќе од 1,200 евреи, срби и роми, меѓу нив и деца,  беа убиени на замрзнатиот Дунав а пота фрлени под мразот. 

Докторите оценија дека Кепиро бил ментално способен да го следи судењето и да присуствува на рочиштата. Судењето кое започна на 5 мај, споро се одвиваше бидејќи судијата ги ограничуваше дневните рочишта на по 2 сесии по 45 минути, за да се прилагоди на состојбата на Кепиро. Тоа ја чинече Унгарија  чинеше околу 1 милиони форинти, 15 илјади евра и ќе биде покриено од државата.

Кепиро беше  претходно два пати обвинет за злосторства во Нови Сад и исто толку пати осуден. Прв пат  во 1944, кога беше осуден на 10-годишна затворска казна, пресуда која беше поништена неколку месеци подоцна и потоа во 1946 кога беше осуден во отсуство на 14 годишна казна, овој пат од суд под комунистичко владеење.  Со бегство го  избегнал затворот и во 1944 пребега  во Аргентина, каде остана половина век пред да се вратил во Будимпешта во 1996. Ловецот на нацисти Зуроф го пронајде таму 10 години подоцна. 

Пролетва го изведе и пред судот, по долги правни проблеми.  Кепиро заедно со Џон Демјанук, сметаат  од центарот Визентал, се последните  живи  воени злосторници од Втората Светска војна.  На ослободителната пресуда реагираше и српскиот претседател Борис Тадиќ, посебно на аплаузите во судницата, бидејќи потсети дека и денес во Нови Сад живеат луѓе кои ги загубија најблиските во овој злочин.  Реакции стигнаа и од Нови Сад од Друштвото за чување на сеќавањата на Холокаустот. За нив оваа пресуда  е ,, шамар за жртвите  и нивните фамилии и ослободување на лошиот дух од минатото, што е нова закана по  народите од регионот,, .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »