речник контакт

Унгарија ги пали старите банкноти за да се затопли

Централната банка на Унгарија ги претвра неупотребливите банкноти во брикети веќе четири години наназад.

Петар Печков

Централната банка на Унгарија превтора купишта стари банкноти во брикети за да им помогне на потребите на хуманитарните организации, гест кој ќе загрее многу тела и срца, и за да го сузбие смртоносниот стисок на студот.

- Тоа е многу корисен хуманитарен чин, од животна помош за нашата организација затоа што можеме да заштедиме дел од нашите трошоци за загревање, вели Христина Харасти, раководител на центарот за деца аутисти во сиромашниот северен град Мишколц.

Ова ќе му помогне на центарот, кој згрижува и возрасни аутисти, да заштедат помеѓу 50,000 и 60,000 форинти (180 и 200 евра) месечно, што претставува „значајна сума во ова време на криза“, рече таа.

Централната банка ги претвра неупотребливите банкноти во брикети веќе четири години наназад.

Центарот и други асоцијации кои работат со хендикепирани деца во југоисточниот град Весто, се институциите одбрани да добијат бриети годинава.

Имаше огромно воодушевување кога камион од логистиката за кеш на Централната банка дојде во четвртокот да истовари четири тони компримирани стари банкноти во центарот за деца аутисти, кој ги добива уште од септембври.

Месечната достава ќе продолжи и во март и април.

Бидејќи брикетите имаат висока калорична вредност, „треба да се додадат уште само неколку дрвени цепаници и просторијата убаво се загрева“, рече Харасти.

Раководителот на центарот за логистика за кеш на Централната банка, Барнабас Ферензи, рече: „Нашите тестирања покажаа дека својствата за загревање на овие исечени банкноти во брикети, се слични на оние на кафениот јаглен па затоа се многу корисни за загревање, и го решаваат проблемот за доаѓање до гориво“.

Овие брикети можат да се користат во печки и бојлери кои користат мешано гориво, рече тој.

Кога започна оваа иницијатива, хартијата само гореше. Потоа центарот реши хартијата да ја компримира во брикети за подобра загревачка ефикасност, и набави машини за да го трансформира неупоребливиот кеш.

„За Централната банка, здружената социјална одговорност е вашна. Затоа си помисливме кога веќе секоја година уништуваме просечно 40 до 50 тони од банкнотите, дека ова може да биде корисно за хуманитарни организации кои имаат проблем да набават гориво за загревање“.

Потребни се 5 милиони форинти (17.000 евра) да се направи една брикета од еден килограм. Банкнотите се сечат широки од 1 до 5 милиметри и потоа хартијата се компримира без било какви хемиски додатоци.

Секоја година, централната банка повлекува околу една четрвтина од банкнотите кои се во оптек, и печати нови пари за да ги замени неупотребливите и стари банноти. Процесот на превторање на стариот кеш во брикети се врши под најголема безбедност. Луѓето кој работат таму мора да работат во облека без џебови.

Институциите кои се одбираат да ги добијат брикетите, мораат да се пријават на конкурс. Годинава, околу 20-тина организации учествуваа на конкурсот. Централната банка има само уште еден критериум: избраната организација да нема никаков јавен долг.

текстот е преземен од  Тајмс оф Малта - Ла Валета

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »