речник контакт

Универзален спортист на векот, Тодор Мијаков - Кош

Кошаркар, ракометар, одбојкар, фудбалер, гинастичар, пингпонгар, долга е листата на спортови во кој настапувал велешанецот Тодор Мијаков и секаде каде играл, бележел врвни резултати.

Петар Печков

Кошаркар, ракометар, одбојкар, фудбалер, гинастичар, пингпонгар, долга е листата на спортови во кој настапувал велешанецот Тодор Мијаков и секаде каде играл, бележел врвни резултати.  

Затоа градот му се оддолжи со највисоките можни признанија за животно дело „Гемиџии“ и за најуниверзален спортист на ХХ век. Приказната за живата легенда на велешкиот спорт, започнува пред 66 години. Почетоците му се поврзани со гимнастиката, од каде се прекомандува во кошарката од каде го добива и прекарот Кош.

- На натпревар во Струмица ги растурив домаќините, постигнував поени од секоја позиција и еден гледач, нервозен од мојот настап кога постигнав рекордни 49 поени, извика „кош, кош, запрете го овој кош, гледајте не растури“. Колегите тогаш започнаа да ме викаат Кош и тој прекар остана до ден денес - објаснува Мијаков.

Иако имал 16 години веќе се закитил соа првата титула Шампион на Македонија со екипата на Младост. Клубот се растурил па тој се префрлил во фудбалот во екипата на Керамичар, на позициајта голман.

На 19 години поради добрите одбрани, добил покана за заигра за екипата на ОФК Београд заедно со Скоблар, а тој се решил за Трепча во Косовска Митровица и тоа само една година.

Се враќа во Велес, но тогаш поради квалитетите се решава да заигра ракомет и тоа на позицијата пикер и централен бек. Со тогашен Борец ги прави најдобрите резултати, четврти во Југославија и финалист на купот, каде е поразен од европскиот првак Партизан од Бјеловар. Тоа се случувало во 1968 година. Поради несогласувања во клубот, го напушта и заминува во одбојката.

Борец од второлигаш се наоѓа пред вратите на првата лига а Мијаков како најдобар играч добива покана да премине во Црвена Ѕвезда од Белград. И оваа понуда ја одбива па станува пинпонгар и во 1973-тата се враќа на најголемата негова љубов фудбалот.

Во Велес тогаш имало правило „ако сакаш добра екипа, земи го Кошот“. Тој пак и покрај бројните понуди да замине му останува верен на градот.

- Младост, неискуство, какви менаџери, се сами работевме. Во спортот се докажувавме, бевме ентузијасти без услови за работа. Пари не спомнувавме игравме од љубов, такво беше времето. Претпладне играв ракомет, попладне фудбал и тоа цела една сезона - вели Мијаков.

Го споменува примерот кога во 1956 тата година требало да играат кошаркарски турнир во Куманово, тргнале рано од Велес, клубот сиромашен па водачот наместо сендвичи за појадок им дал грст леблебија. Бидејќи тој бил прогласен за најдобар кошаркар како награда добиле скара, и ручале а неговите соиграчи имале проблеми со стомакот, вели  не биле навикнати да квалитетна храна.

\"\"

Со гордост се сеќава дека на ракометното игралиште во родниот град се собирале по 15 илјади гледачи, рекорд што до денес не е срушен и тешко дека во иднина ќе биде соборен.  Играле на шлака или тула, но гинеле за секоја топка а атмосферата била бразилска.

Помни дека пет пати по ред бил избиран за спортист на градот, рекорд што тешко кој ќе го сруши. Играл на различни позиции во секој спорт, универзалец како што ретко се раѓа. Со активно бавење завршил на 36 годишна возраст, потоа бил ракометен судија сега десет години нема никакви допирани точки со спортот.

- Не сум задоволен од тоа што го постигнав, можев повеќе но моја грешка е што останав верен на Велес - објаснува Мијаков. Од мали нозе е во спортот а денес го следи само на телевизија, разочаран што во градот нема квалитетна екипа. Задоволен е што од спортувањето стекнал многу пријатели низ Македонија. Тоа е најголемото богатство, вели се други се заборава и резултатите и постигнувањата, пријателите се помнат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »