речник контакт

Упаcени две лица во Велес како крадат

Едната кражба била од автомобил, втората од куќа. Едното лице е кавадарчанец а вториот велешанец

Петар Печков

Во два одвоени случаи викендов, велешката полиција, уапсила лица кои се сомичат дека извршиле кражба. Фатени биле на дело, кога го вршеле дејствието.

„На 15 јануари во 3 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.К.(40 год) од Кавадарци. Тој се сомничи дека извршил кражба во патничко возило, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот“ - соопштија од МВР.

„На 14. јануари  во 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.А.(50 год) од Велес. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќа на ул.„Благој Ѓорев“, сопственост на Д.Ч.(52год) од Велес“ - информираа од МВР.

И во двата случаи лицата биле задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека  против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »