речник контакт

Уреден тремот и фасадата на бараката на НВО (фото)

Целта е подигање на свеста кај граѓаните за уреден и чист јавен простор

Петар Печков

Членови на неколку граѓански здруженија  го уредија дворот и фасадата на бараката на НВО која е сместена во месноста Дворови, спроти клонот ан Детската градинка. Во оваа акција учествуваа членови на  Медиа Арт, од, Извидничкиот одред „Димитар Влахов и Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. 

Преку овој настан се изврши интервенција во јавниот простор, поточно се изврши репарирање и менување на покривната конструкција на летниковецот, се изврши фарбање на неговата конструкција, како и на клупите и постоечката маса. Исто така се изврши покривање на ѕидот на зградата од Домот на НВО кој е нагрден со невкусни графити испишани  на фасадата.  Целта е подигање на свеста кај граѓаните за уреден и чист јавен простор,  негово искористување и разубавување. Воедно се промовираа волонтерските вредности, со што се испрати позитивна порака во локалната заедница.- стои во писмената информација.  

Настанот бил поддржан од Општина Велес, која во наредниот период ќе постават корпи за отпадоци, ќе ја до уреди бекатонската патека и ќе го заменат уличното осветлување, додека ЈКП Дервен ќе ја обработат земјената површина и ќе ја оплемени  хортикултурно.  Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »