речник контакт

Условна за адвокатот што физички нападна колешка

Велешкиот адвокат Бранислав Михајловски доби условна казна затвор затоа што физички нападнал негова колешка.

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес Михајловски е прогласен за виновен за кривичното дело телесна повреда,  откако ја давел колешката Н.П. Настанот се случи пред една година на 13 мај лани за што ТРМР  пишуваше, кога околу 13 часот Михајлоски влегол во канцеларијата на колешката да плати пари кои требало да ги предаде за загубен случај, кој го водел против неговата мајка.

Но откако ги оставил парите на маса, тој ги земал и нив и признаниците  дека се предадени, на што реагирала адвокатката. По ова обвинетиот  започнал да ја дави за врат  колешаката Н.П. Таа започнала да врска и бара помош, а Михајловски избегал. Сведокот на настанот, кој минувал оттука, потврдил дека видел како машки раце ја дават адвокатката, но не го видел лицето.

Бидјеќи било неспорно дека во тој период кај адвокатката немало други освен обвинетиот, Михајловски е прогласен за виновен и осуден на условна казна шест масеци затвор доколку во наредните две години не стори друго кривично дело.  Поради доживеаниот стрес, адвокатката  нејзината работа ја ставила во мирување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »