речник контакт

Условна за управителка на фирма, за починат работник

Парично е казнета и фирмата за смртен случај на вработен на работно место

Петар Печков

Велешанката Марија Трајковска  доби условна казна затвор, откако вработен во нејзината фирма починал од струен удар.  Таа во Основниот суд во Велес   беше прогласена за виновна за  кривичното дело  Тешки дела против општата сигурност.

Според пресудата таа   на ден 6 јули 2011 година како  управител на ДПТ Зоки  Метал  при изведување на градежни работи околу поставување на олуци на куќа постапила спротивно на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и спротивно на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа.  Трајковска дозволила   работникот М. Б. да изведува градежни работи за кои постои зголемена опасност од повреда,, без заштитна опрема, посебни обувки, посебен вид на заштитни ракавици.

Во еден момент кога вработениот бил на работната платформа држејќи  олук во раце, допрел жица од далекувод од 10 кв, поради  што настанал струен удар од што тој се здобил со изгореници од втор и трет степен на 25 проценти од површината на телото.  Од  овие повреди М.Б. починал  на  12 август 2011 година .

За ова на  Трајковска  и е изречена условна  казна затвор од   една година затвор ако во следните две стори било какво кривично дело. Фирмата  Зоки Метал доби парична казна  од 150 илјади  денари.

Обвинетата  во своја одбрана  тврди  дека кривичното дело не го сторила, дека повеќе се занимавала со административните работи во фирмата и не е во можност да контролира дали вработените ја носат ХТЗ опремата која им е дадена, која за волја на вистината не била за заштита од струен удар, оти  фирмата не вршела таква дејност.  Обвинетата се бранела дека никој  не знаел дека имаа таков висок напон близу градилиштето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »