речник контакт

Условна за возачот кој прегази дете на свадба

Судот констатирал дека вина има и возачот и мајката на детето која не посветила доволно внимание кога излегле од автомобилот

Петар Печков

Возачот Јосиф Ресавски  (44 год)доби условна затворска казна, за сообраќајката во која почина едногодишно дете.  Во Основен суд Велес, Ресавски е прогласен за виновен и му е изречена алтернативна казна од една година затвор, која  ќе ја одлежи ако во наредните три стори ново кривично дело. Тој беше осуден за ,,тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот,, бидејќи го прегази едногодишниот Хусеин Пајтонџиев, кој почина од здобиените повреди. Судијата констатирал дека вина има и возачот, но и мајката на детето која не се грижела за синот кога излегле од таксито, по што изрече условна затворска казна.  Ресавски во завршниот збор кажа дека не се чувства виновен, но дека има кошмари.

По сообраќајка срцето ми кравари, жалам. Две години сум во кошмар и толку непреспани ноќи. Не посакувам никому ова да му се случи. Не можев да го видам детето на трите  ретровизори. Придонес имаше и мајката која не обрна внимание  откако возењето заврши  - рече Јосиф низ солзи.  

Семејството Пајтонџиеви Илмие и Елмон дошле од Германија на свадба во Велес со трите деца. До мотелот на Велешко заминале со такси, и за да плати Илмие му го дала најмалото дете на нејзин братучед на предното седиште,  таа плаќала и не знаела што се случува, но кога излегла го видела синот под такси возилото. По овој настан свадбата не се одржа.   

Бранителот на Ресавски, адвокат Ангел Ѓоргиев побaра ослободителна пресуда, оти според вештачењето, вештото лице констатирало дека возачот поради ,,габаритноста на возилото, не може да види што има позади него и да го забележи присуството на пешакот,,.  Според вештакот пак Ресавски не смеел да се враќа во рикверц, туку возењето да го продолжи право и да биде максимално внимателен оти од возилото излегле три деца. 

Сообраќајката  се случи на  27.07.2016 година околу 19.20 часот, пред влезот на паркинг -просторот на мотелот на Велешко.  Според обвинението возачот  управувајќи патнички автомобил марка Фиат Пунто - такси возило, ги довел во опасност животот и на луѓето, на начин што, во моментот кога по извршена услуга на такси превоз на три деца, истите излегле од автомобилот, презел дејствие на возење наназад, иако претходно не се уверил дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот, па при придвижувањето на автомобилот наназад со тркалото го прегазил оштетеното дете сега покојниот Хусеин Пајтонџиев  кое во тој момент се нашол зад возилото  и дошло до настапување на смртен исход. Пресудата не е правосилна. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »