речник контакт

Условна за украдени ракија, пинџур, месо

Работите се украдени од викендичка кај Градско а го сторила петчлена група

Петар Печков

Петмина велешани добија условни затворски казни, оти украле   ракија, месо, пинџур, пиперки  и бакар од викендичка на велешанец.  

Љуан Ајрулов, Себастијан Сулејмановски, Рамо Мемиши, Султан Имини и Елвис Бајрамовски беа прогласени за  виновни во Основен суд Велес, за кривичното дело ,,тешка кражба,,  каде им е изречена една година затвор која ќе се изврши ако во следните три сторат ново кривично дело.

Имаат и обврска да ја платат штетат од 48 илјади денари, која ја сториле при кражбата.   Делото било сторено  во периодот  помеѓу 21 – 25 февруари 2015 година,  кога обвинетите Љуан, Себастијан, Рамо и Султан по претходен заеднички договор со кршење влегле во подрумот од викендичката на оштетениот, во близина  на Градско.

Ја скршиле бравата, влегле во куќата и одзеле: сто литри жолта ракија,  60 кг. свински и телешко месо, замрзнати пиперки и пинџур и бакарни и метални предмети, севкупно во вредност од 48 илјади денари. Дел од  украдените  метални  предмети се најдени во домот на обвинетите, дел од ракијата и месото.   Пресудата е  правосилна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »