речник контакт

Условна затворска казна, за тешка кражба во златара

Украдени биле 104 часовници вредни еден милион денари

Петар Печков

Скопјанецот Никола Митовски доби условна затворска казна, а кражба на часовници вредни еден милион денари.  Во Основен суд Велес тој беше прогласен за виновен, откако го призна делото ,,тешка кражба,, по што судијата му досуди две години затвор, кои ќе ги одлежи ако во следните четири стори ново кривично дело.

Делото го сторил, заедно со уште две лица, Рамо Бејтулах  и Ардијан Селмани  кои не признаваат дека учествувале, и за нив судењето продолжува. 

Кражбата на златарницата на ул. Благој Ѓорев се случила на  ноќта помеѓу 1-ви и 2-ри јуни 2016-та година   во временскиот период од 22 часот до 9 часот, од каде одзеле машки и женски рачни часовници разни марки во вкупна вредност од 997.292 денари.

Според обвинението Никола Митковски и Ардијан  стоеле пред златарата и внимавале да не наиде некој, обвинетиот Бејтулах  со клешта и шрафцигер ја скршил бравата на заштитната решетка, па откако го скршил катанецот, со алат - шрафцигер ја отворил бравата на влезната врата на објектот.  Кога ја отворил вратата,  сите тројца обвинети влегле го пронашле клучот со кои се обезбедени стаклените излози, ги отвориле излозите и оттаму одзеле 104  машки и женски рачни часовници различни  марки во вредност од 6 до 17 илјади денари, потоа побегнале. 

Обвинетиот Никола Митовски се обврзал на сопственикот на златарата, на  име надомест на штета да му исплати сума во износ од 330.000 денари во рок од три  месеци по правосилноста на пресудата. Доколку тоа не го стори, ќе лежи во затвор две години.  Митовски се наоѓа на отслужување затворска казна за разбојништво. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »