речник контакт

Условна затворска казна за велешанец кој откако ги искоцкал парите, кршел апарати, ја нападнал вработена

Насилството го сторил под дејство на алкохол со 2,42 промили во крвта

Петар Печков

Велешанец откако ги искоцкал парите во казино, почнал да ги крши апаратите, но и ја нападнал вработената и уште еден присутен, за што во Основен суд Велес доби условна затворска казна. 

На лицето му се судело за  кривично дело „насилство“ и му била  изречена затворска казна од три месеци која ќе се реализира, ако во период од една година стори друго кривично дело.

Инцидентот се случил во казино во Велес на 1 август 2023  околу 16ч.  кога лицето сите пари кои ги имал ги искоцкал, по што почнал да бара пари од вработената, но таа одбила бидејќи немал ништо добиено.

По ова осудениот започнал со столче да мава по апаратите, да создава неред во просторијата, упатувал заканувачки зборови. Кога вработена го земала мобилниот да го пријави случајот во полиција, коцкарот ја нападнал, ја турнал на земја, го земал мобилниот избегал кон мостот Гемиџии и на преминот го фрлил телефонот на пругата.

Осудениот во моментите кога го сторил насилството бил под дејство на алкохол со 2,42 примило во крвта.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »