речник контакт

Условна затворска казна за велешанецот кој во семејниот двор, организираше свадба, во мај месец кога поради корона вирусот беа забранети

Казната од три месеци затвор ќе се изврши ако во период од една година, по правосилноста, обвинетиот стори ново кривично дело

Петар Печков

Велешанецот Р.Д. доби условна затворска казна поради тоа што организирале свадба во период кога таа била забранета, поради корона вирусот.  Во одговор на прашањето од ТрМр, каква казна му е изречена на ова лице, против кое велешката полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Велес, од Основен суд Велес  соопштија .

На 1-ви септември, Основен суд Велес донел пресуда, со која се издава казнен налог, со кој обвинетиот Р.Д. е огласен на виновен за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи, за време на епидемија“ при што му е изречена алтернативна мерка, условна осуда. Со неа е утврдено дека казната завор во траење од три месеци, нема да се изврши, ако обвинетиот за време од една година, по правосилноста на пресудата  не стори ново кривично дело- одговорија од Основен суд Велес.

Пресудата не е правосилна.

Според кривичната пријава  лицето Р.Д. ( 41 год) на 8-ми мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »