речник контакт

Условна затворска казна за железничката несреќа кај Рајко, за судар на два воза

Тој доби и обврска да ја надомести и штетата на МЖ Транспорт во висина од 5,3 милиони денари која е предизвикана од сообраќајката, што обвинетиот го шокираше

Петар Печков

Машиновозачот Ристо Апостоловски (51 год) од Скопје, доби условна затворска казна, за железничката несреќа која се случи при крајот на 2013-та на железничката станица Рајко Жинзифов близу Велес.    Тој го призна делото ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, по што му беше изречена алтернативна казнена мерка,  7 месеци затвор, ако во наредните 2 години  направи било какво кривично дело.

 Тој доби и обврска да ја надомести и штетата на МЖ Транспорт во висина од 5,3 милиони денари која е предизвикана од сообраќајката по основа на материјална штетата но и за надомест за доцнењето на возовите и прекинот на железничкиот сообраќај кој траел два дена. Ова поради тоа што ЈП МЖ транспорт не било осигурено во осигурителна компанија и не можело да си ги надомести трошоците предизвикани од сообраќајката.

За разлика од нив ЈП МЖ инфраструктура не бараа надомест, оти нив ќе им го надоместело  осигурителното друштво, каде   биле осигурени.  Оваа обврска го шокираше Апостоловски, кој беше разочаран од висината на парите кои треба да ги врати.  Прво обвинетиот Сашо Антовски, не го призна делото и против него ќе се води одвоен судски спор.

Тој работи како диспечер во ЈП МЖ транспорт и се товари за истото дело.  Железничка несреќа се случи на 15 декември 2013-а година во 17,39ч. на влезот во железничка станица Рајко Жинзифов, кога  Апостоловски управувајќи патнички воз  удри во товарен воз кој бил на станицата. Апостоловски не го сопрел возот на влезот во станицата, иако било црвено светло на сигналот а возел и со ,,несообразена брзина,, па навлегол на вториот колосек каде  се движел товарен воз, кој излегувал од железничката станица во правец кон Велес.

По ова двата воза се удриле,  локомотивата излетала од шините, три патнички вагони  се излизгале. Поради ова три дена железничкиот сообраќај домашен и меѓународен беше во прекин. При сударот потешко бил повреден кондуктерот  Зоран Ивановски. Тој не побара надомест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »