речник контакт

Условна затворска казна за жител на Чашка, кој нападнал полицаец, кога му пишувал казна за сообраќаен прекршок

Чашкарецот го признал кривичното дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ пред судија од Основен суд Велес.

Петар Печков

Жител на Чашка нападнал полицаец , за што добил алтернативна казна. Ќе оди затвор една година ако во следните три години стори ново  кривично дело. Чашкарецот го признал  кривичното дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“  пред судија од Основен суд Велес.

Според обвинението делото е сторено на  2 номеври лани  околу 15 часот, на ул. 8 Септември, кај плоштад Саармале. Обвинетиот со сила го спречил службеното лице-полицискиот службеник,  при вршење на професионални задачи кои ги преземал во рамки на овластувањата од јавната безбедност во сообраќајот и притоа осудениот  го навредувал и телесно го повредил полицаецот.

Во моментот кога оштетениот и колегата, во службеното возило изготвувале документација за констатиран прекршок извршен од страна на обвинетиот, тој ја отворил вратата од полициското возило од совозачката страна и започнал агресивно да се однесува и да го навредува оштетениот со зборовите:„ти најде да ми пишуваш мене врска немате, ти не знаеш со кој си имаш работа, не ми можете ништо“. 

Оштетениот му било укажано дека ги спречува да ја изготват службената документација, дека го нарушува јавниот ред и мир и дека ќе биде приведен давајќи активен отпор така што го влечел оштетениот за униформата и за рацете, па го буткал со рацете и со лактите, нанесувајќи му притоа телесна повреда, на десна шака, поради што биле употребени средства за присилба кон обвинетиот кога бил совладан и приведен во полициска станица во Велес.

Обвинетиот  го признал делото, како што е опишано во обвинителниот предлог, по што бил прогласен за виновен и му била изречена алтернативна затворска казна.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »