Петар Печков
Објавено: среда, 21 јануари 2026
Заврши судскиот процес против лицето А.П. (40 год) за кој велешката полиција на 28 ноември лани информирааше дека е уапсен на граничен премин Табановце, откако се обиде да ја напушти земајва, иако имаше забрана за излез од Македонија. Ha oбвинетиот во Основен суд Велес, преку судијкатa Сања Велевска му се судеше за две кривични дела Загрозување на сигурноста, при вршење на семeјно насилство и за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Портпаролот на Основен суд Велес судијката Наташа Андреева информира дека за првото дело, откако обвинетиот го призна делото судот му утврди казна затвор во траење од една година и шест месеци. За второто дело му беше изречена казна затвор во траење од една година.За двете кривични дела му е утврдена единствена казна затвор во траење од две години и истовремено му изречена алтернативна мерка условна осуда, со која се таа нема да се извршува доколку обвинетиот во рок од четири години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Мерката притвор спрема обвинетиот, на предлог на јавното обвинителство е укината.
Обвинетиот делото го сторил на 21 август лани, кога ја нападнал сопругата, нејзиниот десет годишен син и нејзиниот татко. Тој ова дело го призна, со образложение дека бил во алкохолизирана состојба. Неговата сопруга се повлече од кривично гонење на сопругот. Случајот телефонски во полиција го пријавил нејзиниот син.
Второто дело според обвинението е сторено по првиот кривичен настан, А. П. кога службените лица -полицајците се обиделе да го уапсат, а по пријава за семејно насилство, тој ги нападнал, ги спречувал да го преземат службеното дејствие, се опирал од обидите да биде лишен од слобода. При оваа интервенција, обвинетиот се здобил со тешка телесна повреда, за која неговите бранители поднеле кривична пријава до ОЈО за организиран криминал – за полиција, како и до дисциплинската комисија на МВР, против двајцата полицајци кои интервенирале.
Обвинетиот А.П. изрази жалење и каење за првото дело, кое го призна, додека за второто кажа дека тој е жртва на полициската интервенција, кога сакал да се предаде, бидејќи знаел дека него го бараат. При тоа се здобил со три скршени ребра и други повреди.
Судијката Велевска по завршенотоп рочиште а и посочи на оштетената сопруга, дека иако таа се повлече од кривично гонење на сопругот А.П.. сепак во случајот е активиран систем во во кој се вклучени полиција, обвинителство, суд, Центар за социјални работи. На осудениот пак му порача дека алкохолот влијае на неговиот живот и ќе треба да престане да го конзумира ,за да не му се повторат вакви постапки, кои во евентуален следен настан би имало посериозни последици по него. Велевска кажа, „судот не е само да казнува туку и да подучува“.
Пресудата не е правосилна.
| Tweet |




