речник контакт

Условна затворска казна за тешка кражба, од дом на велешанец украден телевизор од ѕид

Украдениот телевизор бил однесен во заложна куќа

Петар Печков

Велешкиот  адвокат С.С.  е осуден на алтернативна затворска казна од три месеци, која нема да се изврши ако во следната  една година не стори ново кривично дело. Тој е прогласен за виновен во Основен суд Велес, за кривичното дело,  тешка кражба а пресудата е правосилна. Делото го сторил на 19 мај годинава.

Според обвинението  осудениот провалил во куќата на оштетениот на начин што, низ отворената порта влегол во дворот од  куќата, а потоа дошол до влезната врата од приземјето на куќата која со туркање  ја отворил и влегол во внатрешноста на истото, од каде, одзел еден телевизор, кој бил мотниран на ѕидот, по што ја напуштил  куќата. Телевизорот го однел во заложната куќа .

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »