речник контакт

Условна затворска казна за четворица штипјани, кои за 16 минути украле 29 бонбониери од три маркети во Велес

Штипјаните го признале делото кражба

Петар Печков

Четворица штипјани осудени затоа што во продолжено кривично дело Кражба, во неколку маркети украле  стока во вредност од 30 илјади денари и тоа за 16 минути разлика.

Сите четворица се осудени на условна затворска казна, ако во рок од три месеци сторат друго кривично дело, ќе лежат затвор една година. Пресудата е правосилна.

Кражбата ја сториле на 25 ноември 2021, почнале во првиот маркет во 11,09 ч  од каде украле осум  бонбониери од 0,25 кг во вредност од 239 денари, парфем од 509 денари, пет спреја од по 248 денари.

Украденото тројцата машки ги сокриле во облеката а девојката во нејзината чанта.  Избегале не забележани од никого и со автомобил марка „венто“  во друг маркет во 11,13 ч. Од таму  украле 11  бонбониери од 0,25 кг во вредност од 239 денари и пак побегнале. Третата кражба била во 11,25ч. од каде   украле десет  бонбониери од 0,25 кг во вредност од 239 денари. Тука биле забележани од вработен и била повикана полиција. Но додека стигнала четворицата штипјани побегнале од маркетот,  за родниот град.

Сите тие го признале делото и прифатиле да ја надоместат штетата од кражбата во висина од 30 илјади денари, колку што ја проценил и признал судот.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »