речник контакт

Условна казна затвор за кумановецот кој крадеше куршуми од магацин на АРМ

Од магацинот кај Отовица украл 6,3 илјади куршуми

Петар Печков

Кумановецот Амир  Дестани (41 год) доби условна казна затвор затоа што украде 6.3 илјади парчиња муниција од склад на АРМ.  Тој е прогласен за виновен во Основниот суд во Велес за  кривично дело противзаконито располагање со доверено оружје. 

Дестани кој бил граѓанско лице во АРМ,  во временскиот период од месец септември 2013 година до 25 март  годинава, присвоил и отуѓил муниција што му била доверена на употреба, а што служела за потребите на одбраната на Република Македонија.

Тој  по чин наредник ракувач на магацин на АРМ во село Отовица. во повеќе наврати присвоил и отуѓил 6300 парчиња муниција со калибар од 7,62 мм. за автоматска пушка, што му биле доверени на чување. За ова тој доби алтернативна мерка затвор која ќе ја служи три месеци  ако во следната една година не стори ново кривично дело. 

Дестани подолго време  и студиозно   ја крадел  муницијата и за да не биде забележан на местото од украдените куршуми  ставал празни чаури, испукани куршуми,  кој ги собирал за да го сокрие неговото незаконско дејствие.

Бил откриен при пописот во март по што веднаш добил и отказ од работа. Украдената муниција ја продавал на непознати лица.  Со ова дело пријавениот ја оштетил Армијата на Република Македонија за  75,6  илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »