речник контакт

Условна казна затвор за убиено маче и сериско труење кучиња

Дилема се оди ли во затвор за убивање домашни миленици?

Петар Печков

Велешанецот Војо Ташевски ( 79 год) доби условна казна затвор за мачење на животни. Тој  според обвинението на 26-ти септември минатата година убил маче.  Ташевски во првиот обид го фатил мачето и го вратил во соседскиот двор, но откако тоа пак дошло кај него, тој го подигнал  му го скршил вратот, па така мртво го фрлил кај комшиите.

Во Основниот суд во Велес за ова  кривично дело мачење на животни му изрече условна казна затвор од два месеци доколку во следната година дена, не стори било какво кривично дело.

Во друг процес  исто во Основниот суд во Велес тројца жители од селото Извор, велешко добија исто така условна казна затвор од три месеци за мачење на животни, доколку во следната година дена не сторат кривично дело. Лазар Саздовски ( 42 год) и браќата Љупчо (36 год) и Гоце Бошковски ( 39 год) се прогласени за виновни  оти есента 2010-тата отруле повеќе кучиња во селото.

Тие качени на трактор фрлале свинско месо,  натопено со отров. Истото бил изедено од селските  но и домашни кучиња, по  што починале повеќето  од нив.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »