речник контакт

Успешна летна приказна за социјална инклузија на деца и млади од Велес со попреченост

Летувањето за 20 деца и млади беше бесплатно, обезбедено од ЕУ и Општина Велес

Петар Печков

Во периодот од 7 до 14 август во кампот Љубаништа  се реализираше Летниот инклузивен камп. Тој е наменет за деца и млади од општина Велес и на него присуствуваа 20 лица  со типичен и атипичен развој, со различен социјален статус.

Активностите на кампот опфаќаа работилници за вештини, водени лудории, спортски активности, квиз, забава, палење логорски оган, гледање едукативни филмови, екскурзии – посети на локалните атракции и секако дневна програма за вежбање.

„Под слоганот „Сакаме и можеме“, за време на седумдневниот камп, учесниците  можеа  да се дружат, меѓусебно да се запознаваат, да ги откриваат своите можности, да ги запознаат можностите и пречките со кои секојдневно се сретнуваат младите со атипичен развој. Дополнително, имаа можност да творат и креативно да се изразат, како еден од начините за подобрување на менталното здравје и развивање нови видици за гледање на светот и општеството“ - кажа Миланчо Арсовски  од  Меѓуопштинското здружение за лица со телесен инвалидитет за општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ кој го реализираше летувањето. Тоа е во рамки на проектот„Заедно сме подобри“.

Ова летување  од проектот „Заедно сме подобри“ на Здружението МОБИЛНОСТ  финансирано е  од Европската унија (ЕУ и дел од Општина Велес и за учесниците беше бесплатно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »