речник контакт

Утре, сабота ќе работи вакциналниот пункт во Уред

Неделава се вакцинирале вкупно со три вакцини, повеќе од 700 лица

Петар Печков

Поради зголемениот интерес за вакцинација, утре, сабота, претпладне ќе работи вакциналниот пункт во Велес, кој се наоѓа во зградата на Уред -Здравствен дом. Ќе работи во терминот од 8 до м13,30ч, во кој период сите заинтересирани ќе може да се вакцинираат и со прва доза и со трета доза.  

Продолжува високиот интерес на вакцинација со трета доза, за заштита од ковид-19. Податоците за оваа седмица добиени од Здравствен дома Велес се: прва доза 106, втора доза 117и трета доза 493.Во овие бројки се и лицата кои биле вакцинирани во домашни услови, болни, неподвижни или лица со попречености - вкупно пет сите денес, во домашни услови.

Вакцинацијата за заштита од ковид-19 се извршува со „Фајзер прва и трета доза и втора со вакцината со која лицето било вакцинирано со прва. И следната седмица продолжува вакцинација во домашни услови а заинтересираните можат да се пријават преку Здравствен дом.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »