речник контакт

Утрово, среда, стаса пролетта, која ќе биде топла и просечно врнежлива

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути

Петар Печков

Утрово, среда во 4 часот и 6 минути на Северната хемисфера, астрономски пристигна пролетта. Истовремено на Јужната полутопка пристигна есента.

Денот овој 20 март  во Велес ќе трае 12ч и 10  мин. или сонцето изгреа во 5:35 а ќе зајде во 17:45ч. 

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2024 во 22 часот и 50 минути, кога ќе почне летото.

Што се однесува до временската прогноза, не очекува топла пролет, со температури +2 од просечните и вообичаени  количества врнежи од дожд. Или кратко кажано за луѓето убава пролет но не и за Земјата која има потреба од дожд и вода. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »