речник контакт

Утрово во 3,03 ч. стаса есента

Метеоролозите најавуваат топла есен со врнежи во нејзината втора половина

Петар Печков

Во 3:03 часот астрономски дојде есента северната хемисфера на Земјата.  Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, или   до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога астрономски започнува зимата. На Јужната  хемисфера, започна пролетта.  . Денот денес 23 септември трае  12 часа и 9 минути, сонцето изгреа во 6:20 а ќе зајде во 18:29.

Според метеоролозите на УХМР не очекува за некој степен потопла есен и посушен период. Балканот ќе биде под влијание не Ел Ниња.

Слични се предвидувањата и на метеоролозите од специјализираната страна „AcuuWeather“ ја објавија временска прогноза за есента 2022 година. Велат дека поголемиот дел од сезоната нè очекува топло време, но предупредуваат и дека тоа ќе доведе до поголема суша и можни пожари.

Во југоисточните делови на континентот, Балканот, ќе бидат под влијание на неколку топлотни бранови на почетокот на есента, пред да се случат промени во временските шеми. Овие области би можеле да забележат зголемување на врнежите во текот на втората половина од сезоната.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »