речник контакт

Утрово се изврши третото авионско прскање против комарци

Средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ е избрано поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот

Петар Печков

Локалната власт соопшти дека  во раните утрински часови, петок 5 август, извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари. Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, согласно програмата за здравствена заштита за 2022 година.

„Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производителот  KULSAN ILАС, од Турција и содржи 5% активна материја Cyfluthrinn, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година. KULFAK 50 ЕС е биоцид наменет за сузбивање на адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 50 мл/ха. Cyfluthrin-от спаѓа во групата па синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо упиштување. Средството е избрано поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите“ - соопштија од локалната власт.

Претходно во четвртокот попладне, извршен е надзор врз полнењето на авионот со средство за прскање против комарци Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 18 часот во Пеширово Свети Николе се реализира полнењето на авионот со средство за прскањето против комарци.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот „Бонер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот, за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето  се изврши со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција. Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.

фото прскање во утро,  Игор Стојанов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »