речник контакт

Утрово сообраќајка кај Росоман, две починати лица од Прилеп и Свети Николе, три тешко повредени

Во сообраќајката учествувале четири возила

Петар Печков

Утрово   во 6,30  часот,  на магистралниот пат Градско -  Прилеп после Росоман, кај местото викано Камен Дол се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила. Подоцна за да ја избегнат сообраќајката, други две возила меѓу себе сториле  друга сообраќајка. 

Во несреќата  има две лица починати на лице место, смрт констатирана од лекарски екипи на Итната помош од Кавадарци, како и тројца тешко повредени.  Интервенирале три екипи на службата за итна помош од Здравен дом Кавадарци.  

„Утрово се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55 год) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61 год) од Свети Николе. Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55 год) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52 год) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55 год) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54 год) од Свети Николе“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Трите тешко повредени лица биле пренесени во Општа болница Кавадарци, а поради тежината на повредите  биле префрлени на Клинички во Скопје.   Увид на местото од сообраќајката направил јавен обвинител од Кавадарци и увидна екипа на ПС од Кавадарци, по што ќе бидат познати причините за несреќата. Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци издал наредба за технички преглед на возилата учесници во сообраќајката.  

Поради сообраќајната несреќа патниот правец на релација Градско - Прилеп, од  Росоман до Трстеник беше во прекин до 15ч. и сообраќајот беше пренасочен преку Манастирец. 

 фото КТВ Кавадарци

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »