речник контакт

Утрово стигна зимата

Пред нас е најдолгата ноќ од 14 ч и 53 мин. Од утре денот започнува да се зголемува. Зимата ќе трае до 20 март

Петар Печков

Утрово, вторник, 22 декември, во 5 часот и 48 минути астрономски стигна зимата на северната полутопка.. Овој  ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.

Во Република Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг. 

Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, 2-3 дена пократко од другите годишни времиња. Причина за тоа е што во овој период, Земјата се наоѓа најблиску до Сонцето.

Силното привлекување, условува голема брзина на движење на Земјата по нејзината патека од 31 км/сек и „брзо“ поминување на „зимската“ орбита. Инаку, најблиското растојание меѓу Земјата и Сонцето или таканаречен перихел ќе се случи на 5. јануари 2015 година, кога Земјата ќе биде оддалечена „само“ 147 милиони километри.

Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година во 5 часот и 32 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица).

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »