речник контакт

Учебна година почнува комбинирано, до трето и малите паралелки со настава, останатите он лајн но не се прецизира кога стартува

Се работи комуникацијата при он лајн наставата да биде двонасочна, активно да учествуваат и учесниците, не како пролетва, еднонасочна, само предавања од наставниците

Петар Печков

На попладневната  заедничка прес конференција на министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми  беше најавен почетокот на новата учебна година, но не и прецизирано кога ќе се случи тоа, кој ден од септември.  Учебната година започнува со настава во училиште за учениците до трето одделение, сите останати ќе учат он-лајн.

Децата од прво до трето одделение, кај што е инциденцата најмала, бидејќи 3 до 4 проценти од нив се заразуваат со коронавирус и главно се асимптоматични, ќе може да посетуваат настава со физичко присуство. Секако може и онлајн да ја следат, ќе има можност за избор на родителот. Има семејства со хронично болни родители, деца на оваа возраст кои се чувани од повозрасни лица, од баби и дедовци кои се ризична група. Оттаму родителите ќе имаат избор дали децата од прво до трето одделение ќе одат на училиште, или ќе следат онлајн настава од дома- рече на денешниот прес министерот за здравство Венко Филипче.

Тој  истакна дека потребна е максимална внимателност да се намали ризикот од ширење на вирусот, а образовниот кадар, семејствата и учениците да бидат безбедни. Онаму, каде што ќе има одлука за настава со физичко присуство, доколку има некаков сомнителен случај, дете или наставник со температура, ќе се направи соодветен пристап од епидемиолог кој ќе го процени тоа.

Во училниците не треба да има повеќе од 20 деца, да има 1.5 метри дистанца, да носат маски и наставникот да биде постојано со нив. Потоа, да не излегуваат за време на одморот и почетокот на различните одделенија да биде со 10 минути разлика, за да не се сретнуваат повеќе групи на влезот или излезот на крајот на наставата -додаде Филипче.

Тој дополни дека на барање на основачите на училиштата, општините, таму кај што има мал број ученици, наставата ќе може да се организира со целосно физичко присуство на учениците на настава, за што дозвола се бара и два Владата.

Министерот за образование Арбер Адеми кажа дека по препорака на Комисијата за заразни болести, ставот е новата учебна година да почне преку средства за електронска комуникација, но двонасочна комуникација. Не како првиот пат, еднонасочно, како што беше во второто полугодие кога пандемијата ги затекна образовните власти и наставниот кадар неподготвени.

Профункционира страната ЕДУИНО.гов.мк, се снимаат лекции и предавања, теми и наставни програми од наставници за првото тромесечје или првото полугодие од новата учебна година. Се работи на една и единствена национална програма. Ќе се обезбедат ИТ -уреди за секоја училница и за секое дете кое потекнува од социјално загрозено семејство - рече Адеми.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »