речник контакт

Ученик во основно училиште се обидел да ги скрши прозорите во школото и се заканувал на учениците

Стручните лица од Центарот за социјални работи Велес, ќе треба да ги откријат причините и поводот за неговото однесување

Петар Печков

Дете ученик во основно училиште во Велес, вчера на пладне се заканувал кон учениците, се обидел да скрши, но не скршил ниту еден прозор, но билг гневен и лут. По реакцијата на полицијата детето се смирило, но стручните лица од Центарот за социјални работи Велес, ќе треба да ги откријат причините и поводот за неговото однесување.

„На 25 ноевмри во 13:15 часот во СВР Велес, 58-годишна велешанка пријавила дека во двор на училиште во Велес, забележала малолетник со остар предмет во рацете, кој по кратко време почнал да фрла тврди предмети кон прозорците од училиштето и упатувал закани кон учениците. Од страна на полициски службеници од СВР Велес веднаш е излезено на лице место, каде по кратко време е забележано детето и во присуство на неговиот родител со потврда предметот е одземен“ – соопшти Биљана Ѓаковска, протарпол на СВР Велес.

Бидејќи се работи за малолетник, од страна на стручни лица од Центар за социјални работи Велес, извршен е бил службен разговор во просториите на ЦСР Велес. За настанот бил известен и јавен обвинител.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »