речник контакт

Ученик од ОУ Блаже Конески, позитивен на ковид-19, 15 соученици и учителката одат во самоизолација

Детето имало осум години и било трето одделение

Петар Печков

Меѓу денешните случаи, до 12 часот седум ново регистрирани  со ковид-19  во Велес,  и осумгодишно дете, трето одделение од ОУ Блаже Конески.

Според Центарот за јавно здравје тоа се заразило од член на поширокото семејството, не од родителите и неколку дена не доаѓало на училиште.
 
Поради овој случај целото одделение од 15 деца заедно со наставничката се во самоизалација.  Извршена е дезинфекција на училницата, просторот каде се движело. Да нема забуни децата од одделението кое брои  32 се поделени на две паралелки од по 16 според протоколите, токму заради превенција од вакви случаи - рече Јованче Манасков, директор на училиштето.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »