речник контакт

Ученик се обидел да го запали интернатот интернатот во Чашка

Без повод и причина го попрскал прозорот од интернатот и го запалил

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес  поднесе кривична пријава према лицето Н.Д. (15) од Чашка, поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“ .

Н.Д. кој е ученик во ОУ Тодор Јанев во Чашка, на   28 февруари годинава околу 19,30ч. се упатил кон интернатот кој е во склоп на училиштето и откако се приближил до прозорец од училница-занимална на интернатот, без никаков повод и причина го попрскал прозорецот со бензин кој го носел во пластично шише и со запалка го запалил бензинот. При ова се појавил пламен кој почнал да се шири на дрвениот дел од рамката на прозорецот. Ученици од интернатот кои во моментот биле во занималната, веднаш ги известиле воспитачката и чуварот од интернатот, по што пожарот е изгаснат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »