речник контакт

Учениците и спортските педагози од ОУ Васил Главинов од Велес најдобри во училиштен спорт во земјава, за основци

Долг е списокот на успеси кои ги забележаа спортските екипи од ОУ Васил Главинов

Петар Печков

Основното училиште „Васил Главинов“ од Велес, на годишната манифестација на Агенцијата за млади и спорт е прогласено  за „НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА“ во земјава.

Списокот на успеси на спортските екипи од училиштето е подолг и тоа ги опфаќа следните: на општинско ниво прво место во сите екипни спортови -кошарка, одбојка, ракомет, фудбал, футсал, кое е потврдени и на регион и во машка и во женска конкуренција.

На државно ниво, екипата во тенис е најдобра,  екипата која игра шах е 3-та во Македонија, атлетика е 4-та. Генерацијата девојчиња  6 и 7 одделениево одбојка и футсал  е прва.  Составот од училиштето е член ан лигата во футсал за девојчиња од 5 одделение каде  е освоено трето место. Сите овие активности се прекиу Федерациаја на училиштен спорт на Македонија.    

Учениците од ОУ Васил Главинов преку програмата Еразмус + учествувале и на меѓународни спортски активности. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »