речник контакт

Учениците од Гимназија победија на општинскиот натпревар по пружање прва помош

Кај основците победија учениците од Св. Кирил и Методиј

Петар Печков

Учениците од Гимназијата Кочо Рацин се победници на општинскиот натпревар во прва помош, додека во основните победник е Св. Кирил и Методиј. На натпреварот учествуваа по четири екипи од средните и основните училишта.

Тие се натпреваруваа на  три пунктови на кои имаше поставено осум супозиции за пружање на прва помош во различни ситуации. Републичкиот натпревар ќе се одржи во трета седмица од септември во Битола и на него учествува само победникот од средните училишта, во случајот тоа се гимназијалците.

Општинскиот натпревар по прва помош се одржа во Младинскиот парк и беше 45 по ред. Оценките ги даваа доктори -волонтери,  членови на комисијата при Црвениот крст од Велес, која беше организатор.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »