речник контакт

Учениците од Коле Неделковски на пракса во Вараждин Хрватска

По соработката со полски Новогард, учениците од Коле Неделковски ќе практицираат во нова средина, Вараждин

Петар Печков

Средношколците од УСО Коле Неделковски ќе разменуваат искуства со нивните колеги од Вараждин. Ова им го најави градоначалникот Петров по престојот во овој хрватски град, со кој Велес потпиша документ за соработка.  Така на учениците од ова средно училиште им се отворат можностите за соработка во нова средина, по таа во Полска.

Од оваа учебна година, учениците од повеќе струки во ССОУ Коле Неделковски ќе имаат можност да ги посетат соодветните практикуми во училиштата во Вараждин. Тие се на високо европско ниво со што ќе бидат партнери во проекти финансирани од ЕУ фондовите. Тоа пак ќе значи воведување на исти стандарди и во ова училиште – рече Горан Петров градоначалник на Велес. 

Коле Неделковски има развиена меѓународна соработка со средно училиште во Новогард Полска, град со кој е збратимен Велес.  При престојот во  Вараждин, двете делегации  договориле  партнерска соработка и во два ЕУ проекти „Inteligent energy“ i  “Summer camp”.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »