речник контакт

Учениците од ОУ Св. Кирил и Методиј собраа најмногу рециклиран отпад

Во Велес годинава во просек по ученик има собрано 1,,35 кг хартија и пластика

Петар Печков

Велес со години води еколошка војна со загадувачите на воздухот, почвата и водата, и еколошка војна против несовесните граѓани што не го собираат правилно отпадот, не го селектираат и рециклираат.

Бидејќи навиките се создаваат од најмала возраст, Општина Велес на почетокот на 2014 година во сите училишта и Градинката „Димче Мирчев“ постави контејнери за рециклирање на отпадот за на крајот на годината најуспешниот  биде и награден.

 Комисијата врз основа на критериумите, пристигнатата документација и доказниот материјал констатирала дека во 2014 година, во воспитно -образовните установи на територијата на Општина Велес собрани се вкупно 8046 кг. отпад за рециклирање   или  1,35кг. по ученик.

 Признание за Најуспешно училиште доби  ОУ Св. Кирил и Методиј, чии ученици имаат собрано имаат 1015 кг. хартија и 759 кг. пластика, вкупно 1774 кг. отпад за рециклирање, на 598 ученици просек 2,97 кг. по ученик. Најдобро одделение кај нив е 2-б. Честитки за покажаната еколошка свест, со мотивација за подобри резултати во следната година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »