речник контакт

Учениците од Хемиска на протест

Повеќе стотина ученици од средното хемиско училиште Димитрие Чуповски од Велес вчера претпладне протестираа и не посетуваа настава неколку часа.

Петар Печков

Повеќе стотина ученици од  средното хемиско училиште Димитрие Чуповски од Велес вчера претпладне протестираа и не посетуваа настава неколку часа. Тие на тој начин го искажаа нивното незадоволство што двајца нивни омилени професори повеќе немало да им предаваат. Станува збор за професори кои работеле пет години во училиштето по договор на дело, кој сега не бил продолжен.

- Овие двајца професори се најдобрите во школото. Има далеку послаби, кои ниту ни даваат знаење, ниту реално не оценуваат, но за нив нема проблем. Дали е во ред двајцата професори да на доаѓаат на работа на три месеци пред крај на учебна година. Кога ќе најдат нови, кога ќе успеат да не оценат какви ученици сме – велат учениците од УСО Димитрие Чуповски. Тие потсетуваат дека и двајцата професори биле млади родители, кои имале и мали деца, а сега ќе останеле на улица.

Директорката на училиштето, Виолета Јовева, вели дека таа постапила согласно законските решенија и за нејзината одлука ќе решава надлежниот просветен инспектор, доколку некој се жали и смета дека е неправедно отпуштен. Учениците најавуват дека протестите ќе ги продолжат ако од понедленик двајцата професори не дошле на настава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »