речник контакт

Учениците од денес во клупите

Само 410, наместо 513 првачиња во велешко. Ги има помалку и во Бузалково и Горно Оризари. Во Раштани само еден првооделенец, Мартин Јордановски. Давид Велковски тргна на училиште и го славеше шестиот роденден

Петар Печков

       Новата учебна година започна за 410 првачиња во општина Велес во  шесте  основни училишта. Наставата не започна во  селото Иванковци, откако  зградата на училиштето изгоре во голем пожар на 15 јуни. Во меѓувреме таа е започнатата, но  не е изградена. 

Градоначалникот на општина Велес смета дека објектот ќе биде готов за десетина дена, и за толку време децата од ова село ќе тргнат на настава. За него не е решение за овој период тие да се превезуваат со автобус во друго место, заради одвивање на наставата.

Проблемите со уписот на прво одделенците во ОУ Блаже Конески,  чии вработени протестираа и бараа  отворање на повеќе паралелки во прво одделение, со помал број на ученици, исто како што било случај во ОУ Васил Главинов, градоначалникот Петров рече дека ќе се решат пред се во интерес на децата. 

Според бројките на матичната служба во Велес годинава требаше да се запишат 513 прво одделенци а бројката е за стотина помала. Градоначалникот Петров оваа разлика ја припишува на иселувањето  и миграцијата на бројни семејства  надвор од границите на земјава.

Локалната власт се уште не добила согласност од  Министерството за образование, по барањето во основни училишта да работата паралелки во прво и петто одделение,  со помал број од 24 ученици колку што е законскиот дозволен минимум.

Намален е бројот на ученици и во  училиштата каде учат деца  од другите националности.  Бузалково се запишани 30 албанчиња во прво одделение, наспроти претходните години кога ги имало по 60 и повеќе. Слична е состојбата во Горно Оризари каде учат Бошњаци и има само 12 првачиња, додека претходно имало по 30-тина, Лоша е состојбата и во повисоките одделенија во велешко ,  во шесто, седмо, осмо каде има паралелки со по 20 ученика.

 Во Велес во новата учебна година настава ќе посетуваат 4.950 основци и 2.850 средношколци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »