речник контакт

Учениците од три средни училишта дарувале 68 крвни единици

До крајот на ноември, во велешко биле собрани 3.277 крвни единици

Петар Печков

Со последната крводарителска акција, изведена со вработените и родителите од ОУ Блаже Конески, заврши годишното организирано дарување на крв, на територијата на Општина Велс. На ова акција беа собрани 27 крвни единици, двајца од дарителите даруваа за прв пат.

Завршија и акциите за крводарување меѓу учениците од четврта година од средните училишта. Собрани биле 68 крвни единици. Најмногу во Гимназијата 28, па во Коле Неделковски 24 и во Димитрија Чуповски 16, додека во Економското училиште поради малиот број на ученици  во четврта година не се организирала крводарителска акција.

Според зборовите на Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес, на сите три крводарителски акции имало далеку поголем интерес, но од различни оправдани  причини, учениците не можеле да даруваат крв. 

Иако претходните години во средните училишта имаше и пролетна и есенска крводарителска акција, поради пандемијата со ковид-19 годинава имаше само есенска.  До крајот на ноември преку  Општинската организација на Црвен крст Велес биле собрани 3.277 крвни единици, или двојно повеќе од планот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »